ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВАТ ПРЕПОРАКИТЕ И ОДЛУКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

14.03.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВАТ ПРЕПОРАКИТЕ И ОДЛУКИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните и компаните да ги почитуваат и имплементираат препораките и одлуките на Владата и другите надлежни институци за справување со Корона вирусот – Ковит 19. Само на тој начин ќе се забави ширењето на вирусот и здравствениот систем поефективно ќе се справува со оваа заразна болест.

Демократскиот сојуз во целост ги подржува мерките на здравствениот систем и иницира Владата да ја разгледа потребата од следните дополнителни мерки:

1. Да се активираат сите здравствени капацитети (од јавниот и приватниот сектор), соодветно подготват и снабдат со потребните медицински средства и лекови за справување со Корона вирусот.
Во оваа насока да се спроведат и посебни мерки за заштита на докторите и другиот медицински персонал, со цел да можат да ја пружат неопходната лекарска помош на потенцијалните пациенти.

2. Да се овозможат услови (хигиенско-епидемолошки) за непречено функционирање на фирмите за производство на храна, лекови, вода, енергија, заштитни средства и сл.

3. Да се преземат мерки за ублажување на економските ефекти од мерките кои се преземаат, посебно на оние кои трпат најмногу последици; хотелите, угостителските објекти и др.

4. Транспортните компании да се помогнат со финансиска и друг вид на помош за снабдувањето на граѓаните да се одвива непречено.

5. Владата да прогласува кризна состојба секаде каде е неопходно и граѓаните доследно да се придржуваат до насоките.

Демократскиот сојуз смета дека со навремени мерки може ефективно да се справиме со ширењето на епидемијата.

Идеите за прогласување на вонредна состојба треба многу внимателно да се разгледуваат и во никој случај да не се избрзува пред да се исцрпат другите можности и мерки (изолација, воведување кризна состојба итн).

Воедно укажуваме дека некои од подрастичните мерки (затворање на гранични премини, забрана на влез во нашата земја и сл), треба да се усогласуваат со ЕУ и соседните држави.

Медиумите и социјалните мрежи да објавуваат и пренесуват информации и насоки за постапување само од релевантни институции и да се спртивстават на лажните вести како начин за создавање паника.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners