ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР

08.07.2019

Демократски сојуз: Гоце Делчев е Македонски Револуционер 

Демократскиот сојуз смета дека дилемите околу националната припадност на Гоце Делчев и други македонски револуционери, херои и борци за слободна Македонија, се обид да се сосечат корените на македонскиот народ и значат ревидирање на историските факти и случувања.

Гоце Делчев е македонец кој се борел и загинал за автономна и слободна Македонија.

Гоце Делчев е симбол за македонец-револуционер кој е опеан во македонските песни и со него се поистоветуваат генерации наназад и тоа ќе го прават и идните генерации.

Немаме ништо против да го слави Бугарија и нивните политички водства, но да се тврди дека тој е бугарин кој се борел за автономна Македонија и Македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот.

Во 19-от век и првата половина од 20-от век можел ли некој во Бугарија да биде војник, учител или службеник ако не потпише изјава дека по националност е бугарин, како и сега, може ли македонец да добие бугарски пасош ако не попише изјава  дека има бугарски корени.

Демократскиот сојуз апелира да не се прават компромиси на штета на нашите национални интереси или да не се прифаќаат условувања и диктати поради некакви "пошироки цели и интереси".



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners