ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЃОРГЕ ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА СОСТАВ НА НОВА ВЛАДА

01.03.2017 

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЃОРГЕ ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА СОСТАВ НА НОВА ВЛАДА


Демократскиот сојуз го повикува претседателот Ѓорге Иванов, денес да го додели мандатот за состав на Владата на Зоран Заев кој доби поддршка од 67 пратеници.

Согласно Уставот, мандат за состав на Влада, добива партијата или партиите кои имаат обезбедено мнозинство во Парламентот.

Такво мнозинство (67 пратеници или 6 повеќе од потребните) имаат СДСМ, ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСАТА.

Состојбите можат драматично да се усложнат доколку и натаму Парламентот е  без Претседател, Владата е техничка и со 4 пратеници во неа, а лидерот на владејачката партија повикува и организира протести со цел да се блокира формирање на Влада.

Демократскиот сојуз, цврсто стои зад унитарноста на државата, парламентарната демократија, владеење на правото и Уставното име Република Македонија.

Демократскиот сојуз е за промени и правда, но и длабоки реформи, согласно определбите на над 612.000 граѓани и во рамките на Уставот на Република Македонија.

Со профункционирање на Парламентот ќе се создадат услови за дебата и за програмата на новата Влада, персоналниот состав, вклучително и за темите кои ја брануваат јавноста без да се знае суштината на можните коалициони договори. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners