08.08.2016
Демократски сојуз: Донации и работа
Демократскиот сојуз ги повикува членовите на ДС, симпатизерите и сите граѓани кои имаат можности да се вклучат во давање помош на семејствата кои имаат огромни штети. Помошта може да биде со донирање парични средства, како и вода, хигиенски средства конзервирана храна и др. Помошта треба да се донира преку Црвениот крст, како и други овластени организации и сметки (за донација на парични средства) отворени за донација на настраданите.
Воедно сугерираме и вклучување на членовите на ДС во екипите кои се вклучени во расчистување на наносите во подрумите и улиците.
Во ДС е формирана Оперативна група која ќе соработува со надлежните институции и ќе дава конкретни насоки за вклучување во активностите за расчистување на последиците од невремето
Оперативна група: Игор Трајковски (тел.бр. 078/201-701), Владимир Кроневски(тел.бр. 071/230-647), Даниел Ефтимов (тел. бр.072/305-572), Миодраг Димов (тел.бр.072/230-303), Билјана Арсовска (тел.бр.077/500-624).
Телефон за контакт: 02/3231-141,
mail: demokratskisojuz@ymail.com