Демократски сојуз: ДИК не го прочисти избирачкиот список

15.04.2016

Демократски сојуз: ДИК не го прочисти избирачкиот список

Врз основа на анализата за обемот на сомнителните гласачи (над 300.000 ), како и досега завршените вкрстени проверки, повеќе од сигурно е дека ДИК не успеа да го прочисти избирачкиот список, како еден од најбитните услови за одржување на изборите и спречување на можностите за повторување на изборниот фалсификат од помилуваните со одлуката на Ѓорге Иванов.

Со вкрстените проверки ниту еден фантомски гласач не е отстранет од избирачкиот список, туку за тоа треба управна постапка, а иста е состојбата и за тие што се иселиле од Македонија, како и ново креираните гласачи. 

Демократскиот сојуз го повикува Трајко Вељаноски да не ги распишува изборите.Наместо избори,Трајко Вељаноски треба да го прифати барањето на пратениците и да свика вонредна седница на Парламентот.

Со одлагање на изборите и свикување седница на Парламентот ќе се создадат услови за институционално да се отворат сите прашања сврзани со изборите, како и за самоволието на Ѓорге Иванов.

Демократскиот сојуз очекува Државната изборна комисија денес да ја информира јавноста дали има услови за избори или не.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners