Демократски сојуз: „Денот Д“

11.07.2016

Демократски сојуз: „Денот Д“

Граѓаните, експертската јавност, големиот број на граѓански асоцијации, медиумите и опозициските партии, очекуваат денес да се случи пресврт и од утре со забрзано темпо да се спроведат реформи за создавање минимум предуслови за избори.

Но и натаму има многу прашалници, дали Викторија Нуланд, ќе бара да се ослободат институциите од партиските стеги, дали ќе ги „охрабри" генераторите на  кризата да се повлечат од политичката сцена, дали ќе ја поддржи идејата за формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по предлозите на СЈО и дали ќе инсистира на брзи избори.

Демократскиот сојуз ги повикува сите партии да ги надминат личните и партиските интереси и да прифатат Македонија да биде една изборна единица, како битен предуслов за демократизација на државата и јакнење на одговорноста на функционерите, посебно на премиерот.

ДС предлага и кривична одговорност на партиите кои од позиција на власт го штитат криминалот на партиското водство, кое учествува во грабежот на граѓаните и ги загрозува перспективите на државата.

Во очекување  и надеж дека денес ќе имаме пресврт и почеток на решавање на кризата, мора да се размислува и за поинаков пристап за демократизација на општеството, а тоа подразбира реформи во партиското организирање и дејствување.

Султан партиите го јакнат авторитарното и криминално владеење, без контролни механизми и одговорност.

ДС смета дека се погрешни тезите на странските посредници кои остават кризата да ја разрешат носители на високи државни и партиски функции , а кои неодамна се најдоа на списокот за аболиција поради сомненија за  вклученост  во  тежок криминал.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners