ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕФИНИТИВНО ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

03.03.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕФИНИТИВНО ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ


Извештајот на Европската Комисија за Македонија, дефинитивно е потврда дека Советот на Европската Унија, на 26. март 2020 година, ќе донесе одлука за започнување на пристапните преговори за влез на Македонија во ЕУ.

Интензивните консултации  на релацијата Париз-Атина-Берлин, потврдуваат дека одлуката за започнување на преговорите со ЕУ е усогласена и истата ќе биде потврдена и објавена на 26. март во Брисел.
Полноправното членство во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, претставуваат силен доказ дека и покрај сите проблеми и застои, реформите во Македонија сепак дават резултати кои земјите членки на  НАТО и ЕУ ги вреднуваа.

Овие позитивни одлуки значат стабилност, правна сигурност и владеење на правото, јакнење на демократските институции и почитување на слободите и правата на граѓаните.

Одлуките на НАТО и ЕУ се ветер во грбот на Македонија и вреднување на цврстата определеност на граѓаните да ги имплементираат европските вредности и стандарди.

По долги години неизвесност, носење на тешки и одговорни одлуки, работа и реформи, откажувања и трпение, нашите стратешки партнери, сојузници и пријатели одлучија Македонија да биде дел од европското семејство и воено-безбедносниот сојуз.Демократскиот сојуз смета дека евроатланските перспективи ќе бидат поттик за продолжување на промените во државата, реформи и благосостојба за сите.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners