Демократски сојуз: Да се среди списокот на гласачи

29.07.2016

Демократски сојуз: Да се среди списокот на гласачи

По усвојувањето на законите за имплементација на анекс договорот од Пржино, формално правно се отворат можности за создавање услови за организирање на избори до крајот на 2016 година.

Решенијата во законите се контроверзни, дел од нив спротивни на демократските принципи (уредникот на МТВ да го бираат партиите...), некои  не се во согласност со Уставот и сл., но тие се одраз на политичката криза и отпорите на власта да не се менува ништо, затоа што промените значат отворање на круцијалното прашање за одговорноста на креаторите на кризата.

Без да се утврди одговорноста за масовното прислушување, кршењето на изборните правила и докрај да се расчистат сериозните сомневања за тешки облици на криминал, нема да има услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Огромна одговорност имаат судовите кои досега се една од најслабите карики  во системот на институции надлежни за обезбедување на правда и владеење на правото.

Во наредниот период очекувањата се дека СЈО ќе работи професионално, одговорно и транспарентно и заедно со другите државни институции ќе ги "отстранува" препреките кои го кочат демократскиот развој на државата и против сите инволвирани во криминал ќе подигне обвиненија.

ДИК треба заедно со МВР да го прочисти избирачкиот список и да не чека тоа да го направи некој друг. Од ДИК зависи дали ќе има избори и промени, како битни предуслови за стабилизација на државата.

ДС повикува Август да биде месец на пресврт, на тоа не обврзуваат и настаните и заветот од 2ри Август 1903 и 1944.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners