Демократски сојуз: Да престане насилството

28.02.2017

Демократски сојуз: Да престане насилството

Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на новинарите на А1 ОН и бара сторителите на овој насилнички акт да бидат откриени и изнесени пред лицето на правдата.

Демократско право е да се демонстрира, тоа никој не може да го спори, но да се напаѓаат и спречуваат новинари во извршување на своите професионални задачи е акт на насилство и тоа мора да престане.

Државните институции да преземат ефикасни мерки и сите кои потикнуваат и повикуваат на насилство мора за тоа да понесат одговорност.

Со силната манипулативна медиумска кампања дека Македонија се разнебитува, федерализира, дека ќе се промени името на државата и идентитетот, се инструмент за потикнување на немири од пошироки размери.

Досега ниту политичка партија ниту лидер на партија дал изјава дека се залага за федерализација, кантонизација, промена на Уставното име на државата или дека е за воведување двојазичност како основа за поделба на Македонија и сл.

Затоа повикуваме на разумно однесување и да не се потпаѓа на манипулации кои се во функција на дестабилизација и нарушување на нормалното одвивање на животот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners