Демократски сојуз: Да ја спасиме Македонија

03.05.2016

Демократски сојуз: Да ја спасиме Македонија

Денес, Павле Трајанов, претседател на ДС, одржа прес конференција на која ги презентираше следните ставови:

Демократскиот сојуз повикува на единство, разумен и одговорен пристап кон градење на излезни решенија од севкупната криза во која западна Македонија.

Наместо да чекаме "странците" да нудат договори и ни ги разрешуваат нашите проблеми, предлагаме сите одговорни луѓе да седнат на маса и утврдат Платформа за излез од кризата која го блокира целокупниот систем, евроинтеграциските процеси, создава економска нестабилност и го нарушува нормалното одвивање на животот.

ДС предлага, свикување на седница на Парламентот и одлагање на изборите, со што ќе се создадат услови за избор на експертска Влада (не политичка). 

Мандаторот да биде кандидат со високи професионални и демократски капацитет, без партиски багаж, кој ќе има слобода,  да го формира Владиниот кабинет од професионалци, а министрите самостојно  да ги формираат своите тимови (државни секретари, помошници, директори итн.).

Експертската Влада да има мандат да ги разреши круцијалните прашања:

-Воспоставување на уставни механизми (промени на Уставот) и гаранции дека никогаш повеќе не ќе може да се етаблира авторитарна власт каква што денес имаме и која е основна причина за кризата. Никогаш да не се повтори еден човек – една партија – една власт.

-Обезбедување на основни предуслови за утврдување на политичка и кривичноправна одговорност за сите што со злоупотреба на довербата на граѓаните ја вовлекоа Македонија во длабока криза, ја ограбија и предизвикаа иселување на креативните и стручни кадри, а резултат од таквата политика се повеќе испразнети градови.

-Реформа на судскиот систем преку рекомпонирање на Судскиот совет и реизбор на судиите и формирање на Судски Оддел кој ќе постапува по обвиненија на СЈО.

-Реформи на безбедносниот систем и деблокада на институциите со јасна одговорност за тие што ќе ги кочат реформите, како и целосна деполитизација и департизација на државните институции и администрацијата.

-Реформи во медиумите и утврдување на правила за објективно, избалансирано и правично информирање.

-Реформи во изборните правила. Македонија да биде една изборна единица, како основа за демонтажа на еднопартискиот систем.

-Целосна деблокада на евроатланските процеси, преку спроведување на препораките на ЕУ и заклучоците од експертскиот Извештај на Прибе.

-Обезбедување на економска стабилност и создавање на амбиент за нови инвестиции, работни места и запирање на процесот на иселување на креативните кадри во странство.

-Прифаќање на бројните идеи од граѓанскиот сектор, кој прераснува во движечка сила на промените и правдата во Македонија.

Демократскиот сојуз повикува на политички дијалог во кој ќе бидат вклучени сите релевантни партии, граѓанскиот сектор, експертите, како и медиумите.

Нема време за чекање, прв што треба да повлече потег е Ѓорге Иванов, да ја повлече аболицијата за креаторите на кризата и да влијае на смирување на состојбите.

ДС и натаму ги поддржува протестите, но тие пред се треба да бидат мирни.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners