ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЕУ

03.07.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЕУ

Демократскиот сојуз го поздравува објавувањето на Предлог – преговарачката рамка од страна на ЕК за Македонија, со што нашата држава го направи решавачкиот исчекор за почеток на преговорите со ЕУ, кои според најавите, ќе започнат веќе кон крајот на годинава.

Исклучително важен момент е што во Предлог - рамката повторно се користи терминот „македонски јазик“ без никакви условувања и додавки, што претставува промоција на македонскиот како иден официјален јазик на Унијата.

И покрај задоволството од документот на ЕК, Демократскиот сојуз предупредува дека новата методологија предвидена во Предлог – рамката, подразбира мошне ригорозна контрола врз неопходните реформи, како и механизми за прекинување на преговорите со ЕУ доколку не се покажат очекуваните резултати.

Тоа значи дека македонските власти ќе мораат максимално ангажирано и искрено да се посветат на преговорите, особено ако се знае дека тие ќе започнат со отворањето на поглавјата кои се однесуваат на исклучително болни точки во државата – реформи во јавната администрација, демократските институции и јавните набавки.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners