Демократски сојуз: Брзи избори за промена на власта

06.07.2016

Демократски сојуз: Брзи избори за промена на власта

Демократскиот сојуз смета дека во разговорите со Хајндл и Нуланд треба да се инсистира на одржување на парламентарните избори во октомври или почетокот на ноември, како извонредна  можност за промени и почеток на стабилизација на состојбите.

Очекувањата дека власта ќе спроведе реформи за создавање услови за фер, демократски и кредибилни избори се тотално промашување. Исходот е санкции спрема Македонија и "лет во место".

Стратегијата на развлекување и ништо суштинско да не се менува, разорување на институциите, прекумерно задолжување и продолжување со расипничко трошење на парите на граѓаните, се карактеристика на изминатиот период од последните две години.

Демократскиот сојуз инсистира на формирање на Експертска влада која ќе спроведе реформи и ги организира изборите. Сите други калкулации значат продолжување на агонијата и губење на време преку јалови дискусии на средбите помеѓу четирите партии без мандат од граѓаните.

Граѓаните секојдневно прашуваат ќе се промени ли нешто на подобро? Одговорот е' тоа зависи  од сите нас, но промените се императив.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners