Демократски сојуз: Бојкотот на изборите антидржавен чин

27.03.2019

Демократски сојуз: Бојкотот на изборите антидржавен чин

 


Во пресрет на претседателските избори и најавата за определување на датум за започнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија, се наметнуваат неколку приоритети за кои е неопходен политички консензус:

1. Создавање на услови за одржување фер, демократски и чисти претседателски избори, како гаранција за успешност на изборите.

Во оваа насока мора партиите и коалициите кои стојат зад претседателските кандидати да преземат одговорност дека ќе опстојат во изборниот процес, во спротивно, треба да понесат политичка и друг вид на одговорност. 
Бојкот на изборите во вториот изборен круг ќе значи антидржавен чин со катастрофални последици за иднината на државата.

2. Работата на Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи со целосен капацитет, а прислушуваните разговори и натаму треба да бидат доказ во постапките, во спротивно, Врховниот суд, со право ќе ги изземе од доказите и во предметите во кои досега се користени.

3. Концептот за реформи во тајните служби треба да се заокружи со коренити организациски и кадровски промени во разузнавачките и контраразузнавачките служби.

4. Мора да се изгради систем за целосна департизација на државните институции, почнувајќи од приемот на работа во администрацијата.

Партизацијата разорно делува врз ефикасноста на државните институции и владеењето на правото.Само со цврсти и јасни критериуми за прием на работа, најкреативните кадри ќе останат да работат во Македонија.Партиските и другите влијанија мора да се санкционираат.Инаку, треба да престанат партиските договарања преку селективна правда, амнестии и други лукративни цели, а наводно во интерес на повисоки цели.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners