Честитки за Меѓународниот ден на Ромите

08.04.2016

Честитки за Меѓународниот ден на Ромите

Демократски сојуз на сите припадници на ромската заедница им го честита, 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, со желба за многу повеќе разбирање и можности за нив. Денес се слави и богатото културно наследство на Ромите и нивниот придонес во развојот на општеството. 

Наша цврста определба е еднаквоста пред законот и недискриминацијата, како темелни вредности на Република Македонија. Сепак, Ромите немаат еднаков пристап до работните места, образованието, домувањето и здравствената заштита. Фактот дека ромските деца често немаат пристап до ист квалитет на образование како другите деца, го продолжува кругот на сиромаштија. Ромските деца заслужуваат еднакви можности за образование како и нивните врсници, а ромските фамилии заслужуваат да живеат без страв за својата егзистенција и подеднакво со другите да се вклучат во развојот на демократијата и создавање на еднакви можности за сите. 

Демократскиот сојуз е одлучен да се бори против дискриминацијата, сегрегацијата и стереотипизацијата, во насока на унапредување на интеграцијата на ромската заедница во општеството и еднаков третман. За таа цел потребна е стратегија која ќе содржи активности кои се залагаат за социо- економска инклузија на Ромите.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners