Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Неопходни се промени во здравството, и тоа веднаш!

06.12.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Неопходни се промени во здравството, и тоа веднаш!

На митингот во Жена Парк во Скопје, Павле Трајанов, носител во првата изборна единица во Скопје, ги повика граѓаните на Скопје, посебно неопределените и тие што досега не гласале, да излезат и сите заедно да го срушиме режимот на избори, на демократски начин.

Коалицијата за Промени и Правда нуди стабилност, единство и сплотеност.

Промените се за Македонија да ја “исчистиме” од политичката мафија, да се ослободиме од стегите на Криминалниот режим, за да законите важат подеднакво за сите.

Да воспоставиме систем, каде способните, врвните професионалци ќе имаат еднакви шанси, да создаваат, работат и творат во Македонија

Ни требаат само 20 пратеници за да го демонтираме и испратиме во историјата овој авторитарен режим, а криминалците во “Бизнис Центарот во Идризово”.

Професор Д-р Весна Антовска, зборуваше за реформите во здравството и рече: Коалицијата за Промени и Правда смета дека се неопходни промени и подобрување на сотојбите во здравството во Република Македонија и тоа веднаш!!!

Клучни приоритети за Коалицијата за Промени и Правда  се:

- Здравствен систем кој овозможува универзална здравствена заштита на сите граѓани дури и на оние без здравствено осигурување преку формирање на посебни фондови за посебни категории на граѓани;

- Зголемување на квалитетот на здравствените услуги, намалување на здравствените трошоци и зголемена достапност на здравствените услуги;

- Зголемена достапност на здравствените услуги преку отварање на амбуланти и аптеки секаде каде истите  не постојат или  мобилни единици кои ќе се грижат за  населението;

- Зајакната примарна заштита на населението со поактивно учество на семејниот лекар, редовни периодични прегледи и задолжителни скрининг програми за пациенти со фамилијарна анамнеза за малигни, срцеви заболувања и дијабетес;

- Целосна трансформација на “мој термин“ преку предвидување на доволно време за медицински третмани (најмалку 30 минути) на пациентите и определување на доктори од терцијалната дејност за прием на пациентите со приоритетен упат и др.

Во оваа насока предлагаме формирање и развој на модерни регионални клинички центри

- Отворање на повеќе единици на Итна медицинска помош;

- Обезбедување на специјализации на гинеколози и нивно распределување во сите подрачја од државата и делување во правец на превенција;

- Воведување на стандарди и сертификација во  медицинските лаборатории ширум државата;

- Континуирано и планско обезбедување на специјализации по педијатрија, патологија, анестезиологија, медицинска биохемија кои се дефицитарни во државата, но и финансиска поддршка на оние доктори кои ќе специјализираат во странство, како и намалување на трошоците за специјализации за 50%; 

- Обезбедување услови за здравствена заштита на лица со посебни потреби во регионалните центри (Скопје, Штип, Струмица, Охрид);

- Рамноправност во доделувањето на концесии за стоматолошки ординации и ревидирање на висината на капитацијата;

- Право на паровите кои лечат стерилитет  и до 5 пати ИН ВИТРО на сметка на ФЗО, а во специфични случаи без ограничување;

- Покрај задолжителниот, воведување дополнителни,  доброволни, здравствени фондови кој ќе овозможат услуги на повисоко ниво од основниот пакет на здравствени услуги. На овој начин ќе се мотивираат здравствените установи од секундарна и терциерна дејност да воведуваат нови, современи методи и техники, да ги подобруваат условите за работа, со што јавното здравство би ја зголемило конкурентноста во однос на приватното.

Со цел подобрување на статусот на здравствените работници, Коалицијата за промени и правда  ќе работи на обезбедување услови за:

- Зголемување на квалитетот на нивното образование, можностите за континуирана стручна едукација и соодветно и сѐ опфатно вреднување на нивната хумана, високо етична и стресна професија преку принципот на стимулирање, а не на казнување;

- Можност за дисперзирано работење на докторите ширум државата  во медицинските центри каде е потребно обновување на техниките во работењето, новите методи кои искусните специјалисти доктори „гости“ би ги пренеле на своите колеги. Со ова би се постигнало истовремено стимулирање со валоризирање на трудот на едните и стимулација со знаење на другите;

- Платите на докторите и другите здравствени работници да бидат на исто ниво како што се судии, обвинители, директори на јавни претпријатија и сл. Во оваа насока ќе предложиме закон за заштита на докторите и здравствените работници;

- Доследно спроведување на Законот за дополнителна дејност, како начин за задржување на експертите во врвното- терцијално здравство;

- Плата во висина од 80% за сите што специјализираат и без било какви законски обврски да останат да работат во домашни јавни здравствени установи.

На митингот зборување и Глигор Стоименов, кој се заложи за владеење на правото, слобода на говорот и слободни медиуми.

partners partners partners partners partners partners