ДСМ: Дарувањето на крв да стане наша навика

12.12.2013

ДСМ: Дарувањето крв да стане наша навика

Со оваа порака, денес, во 12,00 часот, младите на Демократскиот сојуз ги повикуваат сите досегашни, но и нови краводарители да земат учество во крводарителна акција, која ќе се одржи во просториите на ДС.

Редовното донирање на крв значи дека секогаш ќе има достапно доволно количество крв. Мажите можат да даруваат најмногу 4 пати годишно, додека жените до 3 пати, на растојание од минимум 3 или 4 месеци помеѓу секое давање крв.

Акцијата се организира во соработка со Црвен крст, а се очекува над 60 членови и симпатизери на ДС да даруваат крв.

Младите на ДС порачуваат : „Неколку минути од вашето време за некого ќе значат години живот“.

partners partners partners partners partners partners