ДС започнува со online проект: Како до нови работни места?



14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

До вистински решенија се доаѓа само со гласно размислување низ бура на различни идеи.

За таа цел ги повикуваме самите граѓани, експерти, невладини организации и медиумите, со свои идеи и предлози да се вклучат во овој предизвик и да одговорат на прашањето „Како до нови работни места?“

Проблемот со невработеноста не треба само да се констатира. Заедно можеме да ги лоцираме пречките во економските текови и делуваме на нивно поединечно анулирање во функција на заживување и развој на економските потенцијали.

10те предлози со најмногу гласови ќе бидат промовирани и повикани да земат учество на трибината на оваа тема во Пробиштип*. Најуспешните ќе имаат прилика да се дружат меѓусебно, да седнат на тркалезна маса и да ги споделат своите идеи, како и да разменат мислења со еминентни експерти во оваа област. Право на користење на апликацијата имаат сите Facebook корисници постари од 18 години.

Идеите на граѓаните ќе ги вреднуваат самите граѓани. Гласањето и учеството ќе биде отворено од 14.01.2013 до 28.01.2013

Ниту една идеја не е безвредна доколку имате со кого да ја споделите. За предложените решенија да добијат соодветна институционализација и реализација, Демократскиот сојуз како мост помеѓу граѓаните и власта, ќе ги имплементира во една сеопфатна Стратегија за забрзан економски развој.

Секој може еднаш да даде предлог и да гласа еднаш за еден предлог. Апликацијата е поставена на нашата Facebook страна. До неа можете да дојдете со клик ТУКА.

*Семинарот ќе се одржи во хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип, на почетокот на февруари. Во програмата е предвидена и посета на културно-уметнички и историски знаменитости. Трошоците ќе бидат целосно покриени од организаторот на апликацијата.

partners partners partners partners partners partners