Канцеларијата на премиерот на РМ упати јавен повик за советници и раководни лица

27.06.2014

Канцеларијата на премиерот на Република Македонија упати јавен повик за советници и раководни лица

Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, денеска објави два јавни повици, од кои првиот за пријавување на интерес за ангажирање на лица на раководни позиции во Канцеларијата на претседателот на Владата, и вториот за пријавување на интерес за ангажирање на лица за позициите советници на претседателот на Владата во поедини области.

И двата јавни повици ќе траат до 14 јули 2014 години, период во кој сите лица кои поседуваат квалитет и способност, и имаат соодветно образование и професионално искуство можат да аплицираат и да се стекнат со правото да бидат избрани за вршење на работите. Процедурата за апликација е идентична за двата јавни повика. Се аплицира единствено по електронски пат преку интернет страната на Владата на Република Македонија. Кандидатите и во двата случаја треба да приложат и тоа по електронски пат:

- пополнета електронска апликација која може да се најде на интернет страната на Владата, и која ќе биде поставена од утре (сабота, 28.06.2014 година)

- лична биографија (CV) на кандидатот (не подолго од 5 страници)

- мотивациско писмо (не подолго од 2 страници)-дипломи и сертификати.

Во однос на првиот јавен повик за пријавување на интерес за ангажирање на лица на раководни и нераководни позиции во Канцеларијата на претседателот на Владата, се бараат лица за ангажирање во следните 5 области: 

- Странски инвестиции;

- Поддршка на домашната економија;

- Човечки ресурси;

- Протокол;

- Правници.

Бројот на лица кои ќе бидат ангажирани не е лимитиран, и ќе зависи од способностите и квалитетот кои ќе ги прикажат кандидатите кои ќе аплицираат за позициите. 

Во однос на вториот јавен повик за ангажирање на советници на претседателот на Владата на Република Македонија, се содржат позиции за следните 13 области:

- Советник за политички прашања;

- Советник за Европска Унија;

- Советник за надворешни работи;

- Советник за животна средина;

- Советник за рударство и минерални суровини;

- Советник за култура;

- Советник за економија, претприемништво, индустрија и иновации;

- Советник за земјоделство;

- Советник за правосудство и администрација;

- Советник за енергетика;

- Советник за транспорт и врски;

- Советник за информациони технологии и телекомуникации и-Советник за локална самоуправа.

Целосниот оглас можете да го најдете на интернет страницата на Владата на Република Македонија.

partners partners partners partners partners partners