ДС ги повикува студентите да се пријават на повикот за волонтери во Владата на РМ

10.06.2014

ДС ги повикува студентите да се пријават на повикот за волонтери во Владата на РМ

Владата на Република Македонија овозможува волонтирање на сите заинтересирани студенти во завршна година од областа на правните, политичките, економските, филолошките и други општествен науки, како и од областа на електро- техничките науки во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на РМ. 

Волонтирањето ќе биде во периодот од 01.07 до 15.09.2014 година, а на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок за трошоци за храна и превоз, согласно Законот за волонтерство, што ќе изнесува околу 4.500 денари.

Целта на програмата за волонтирање е приближување на работата на државната администрација кон граѓаните на Република Македонија, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство на младите со кое би можеле да конкурираат на пазарот на трудот. 

Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за интерес, кратка биографија и фотокопија од индекс до Владата на Република Македонија на адреса: Бул. Илинден бр.2, 1000, Скопје, со назнака за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија или Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Рокот за пријавување е до 15.06.2014 година.

Целиот повик можете да го најдете на овој линк

partners partners partners partners partners partners