Демократскиот сојуз бара помош од Европска унија

04.02.2015

Демократскиот сојуз бара помош од Европска унија

Демократскиот сојуз апелира до Европската унија да се вклучи во санирањето на штетите од поплавите кои ја зафатија Република Македонија.

Невремето и обилните врнежи предизвикаа огромни штети во голем број населени места (Штип, Прилеп, Битола, Радовиш, Струмица, Куманово и др.) поради што е неопходна солидарност од сите граѓани, соседните земји, како и од страна на Европската унија.

Демократскиот сојуз предлага Владата на Република Македонија да ја разгледа можноста за помош од Европската Унија и да достави официјално барање за надминување на последиците од елементарната непогода која зафати голем број подрачја во нашата држава.

Водената стихија направи огромни директни и индиректни штети, ги наруши речните корита на повеќе реки, за чие санирање можностите се ограничени од страна на буџетот на Република Македонија, поради што сметаме дека треба да се побара помош и солидарност.

partners partners partners partners partners partners