Демократски сојуз


ПРЕДЛАГАЧ: Павле Трајанов

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ

Скопје, ноември 2013 година

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 71 став 1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132 и 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесувам Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на сведоци.

ПРАТЕНИК: Павле Трајанов


ВОВЕД

I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Законот за заштита на сведоци е донесен во 2005 година со цел заштита на сведоците, соработниците на правдата и жртвите кои придонеле за поефикасна борба против организираниот криминал, тероризмот и други тешки облици на криминал.

Законот стапи на сила на 1 јануари 2006 година и од тогаш, во многу случаи  се користи заштитен сведок, кој бил клучен за откривање и докажување на тешки кривични дела, при што дел од нив се вклучени и во Програмата за заштита на сведоци.

Анализите покажуваат дека неопходно е да се степенува одговорноста на лицата што ќе објават податоци за заштитен сведок и тоа, повисок степен на одговорност треба да имаат тие кои по службена должност го дознале вистинскиот идентитет на заштитениот сведок, за разлика од другите кои дознале на поинаков начин. 

Но, со оглед на тоа дека се работи за сведок со прикриен идентитет и сите податоци и информации во врска со него се класифицирани, и натаму останува обврската да се чува во тајност вистинскиот идентитет на заштитениот сведок, како и за другите лица опфатени во член 2 став 1 точки 1, 2 , 3 и 4 од Законот за заштита на сведоци.

Со измените кои се предлагаат, казните за службените лица: судија, јавен обвинител, припадник на полицијата и други лица кои по службена должност доаѓаат до информации за заштитениот сведок, остануваат исти, додека за другите лица се предлага намалување на затворските казни и тоа од три месеци до три години за објавување на вистинскиот идентитет на заштитен сведок; доколку настанат тешки телеслни повреди на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 се предвидува казна затвор од најмалку четири години; и во случај на смртни последици  се предвидува казна затвор од најмалку осум години.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА

Целта на предложениот закон е законски да се направи дистинкција и да се степенува одговорноста на лицата што ќе објават податоци за заштитен сведок и тоа, повисок степен на одговорност треба да имаат тие кои по службена должност го дознале вистинскиот идентитет на заштитениот сведок, за разлика од другите кои дознале на поинаков начин. Предложените измени се базираат на истите начела на кои што се базира и носењето на основниот Закон за заштита на сведоци.

III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Предлогот на законот не предизвикува фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија. 

IV. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, КАКО И ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на предложениот закон не е потребно обезбедување финансиски средства ниту повлекува материјални обврски за одделни субјекти.


Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на сведоци

Член 1

Во Законот за заштита на сведоци („Службен весник на Република Македонија“ број 38/05 и 58/05), членот 42 се менува и гласи:

„Тој што спротивно на закон ќе ги оддаде: вистинскиот идентитет, домот, престојувалиштето на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 на овој Закон, како и други информации што можат да доведат до нивна идентификација која би им го загрозила животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имотот од поголем обем на лицата од членот 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 на овој Закон

ќе се казни со затвор

од три месеци до три години.

Ако делото од став 1 на овој член го изврши службено лице

ќе се казни со затвор

од најмалку четири години.

Доколку делото од ставот 1 на овој член доведе до нанесување на тешки телесни повреди на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 на овој закон

сторителот ќе се казни со затвор

од најмалку четири години.

Ако делото од став 1 на овој член го изврши службено лице и доведе до нанесување на тешки телесни повреди на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 на овој закон

ќе се казни со затвор

од најмалку осум години.

Доколку делото од ставот 1 на овој член доведе до смрт или самоубиство на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 на овој закон

сторителот ќе се казни со затвор

од најмалку осум години.

Ако делото од став 1 на овој член го изврши службено лице и доведе до смрт или самоубиство на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 на овој закон

ќе се казни со затвор

од најмалку 15 години

или со доживотен затвор.“.

Член 2

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 


ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ

I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ

Законот за заштита на сведоци е донесен во 2005 година, со цел заштита на сведоци, соработници на правдата и жртвите кои придонеле за поефикасна борба против организираниот криминал, тероризмот и други тешки облици на криминал.

Законот стапи на сила на 1 јануари 2006 година и од тогаш, во многу случаи се користи заштитен сведок, кој бил клучен за откривање и докажување на тешки кривични дела, при што дел од нив се вклучени и во Програмата за заштита на сведоци.

Во случајот на нарачано убиство (“Ликвидација“) во Велес, откако вистинскиот идентитет на заштитениот сведок е обелоденет, се отвори расправа во јавноста за степенот на одговорноста на сите што допринеле да се објави идентитет на заштитен сведок.

Анализите покажуваат дека неопходно е да се степенува одговорноста на лицата што ќе објават податоци за заштитен сведок и тоа, повисок степен на одговорност треба да имаат тие кои по службена должност го дознаваат вистинскиот идентитет на заштитениот сведок, за разлика од другите кои дознале на поинаков начин. 

Но, со оглед на тоа дека се работи за сведок со прикриен идентитет и сите податоци и информации во врска со него се класифицирани, и натаму останува обврската да се чува во тајност вистинскиот идентитет на заштитениот сведок, како и за другите лица опфатени во член 2 став 1точки 1, 2 , 3 и 4 од Законот за заштита на сведоци.

Во измените кои се предлагаат се предвидува измена на членот 42 од Законот за заштита на сведоци при што се врши дистинкција на казните за службените лица: судија, јавен обвинител, припадник на полицијата и други лица кои по службена должност доаѓаат до информации за заштитениот сведок и за другите лица за кои се предлага намалување на затворските казни и тоа од три месеци до три години за објавување на вистинскиот идентитет на заштитен сведок; доколку настанат тешки телеслни повреди на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 се предвидува казна затвор од најмалку четири години; и во случај на смртни последици  се предвидува казна затвор од најмалку осум години. 

Објавувањето на вистинскиот идентитет на заштитен сведок во некои случаи може да биде и корисно, бидејќи на тој начин ќе се штитиме од лажните сведоци, кои во суштина претходно се подготвуваат и поттикнуваат на извршување на кривични дела.

Со измените и натаму  се обезбедува заштита на сведоците кои доставуваат податоци битни за спречувањето и откривањето на тешки кривични дела (организиран криминал, тероризам, нарко бизнис и др.), како и нивните сторители.

II. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Решенијата содржани во предложените одредби се меѓусебно поврзани и претставуваат една правна целина.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со измените кои се предлагаат се предвидува измена на членот 42 од Законот за заштита на сведоци при што се врши дистинкција и степенување на казните за службените лица: судија, јавен обвинител, припадник на полицијата и други лица кои по службена должност доаѓаат до информации за заштитениот сведок, односно за другите лица за кои се предлага намалување на затворските казни и тоа од три месеци до три години за објавување на вистинскиот идентитет на заштитен сведок; доколку настанат тешки телеслни повреди на лицата од член 2 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 се предвидува казна затвор од најмалку четири години; и во случај на смртни последици  се предвидува казна затвор од најмалку осум години.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners