(ВИДЕО) Трајанов: Непходно е формирање на политичко-експертска влада

01.04.2016

(ВИДЕО) Трајанов: Непходно е формирање на политичко-експертска влада 

Вкупните политички состојби во Република Македонија се исклучително сложени, но и понатака се усложуваат после одлуката на ДУИ да се повлече од извршната власт. Не ги знаеме кои се точно намерите на ДУИ но мислам дека би било добро доколку интенцијата би била да се формира политичко-експертска влада која што ќе спроведе реформи неопходни за стабилизирање на состојбите во Република Македонија за деблокада на институциите во државата се со цел да се создаде позитивен амбиент за одржување фер и демократски избори, рече Павле Трајанов.

Според Трајанов повеќе од сигурно е дека голем број на обврски што се дефинирани во договорот од Пржино не се исполнети со што нема услови да се организираат избори на 5-ти јуни годинава.

– Од тој аспект гледано сметам дека е добро доколку политичките партии започнат разговори евентуално да договорат формирање на експертска влада која ќе спроведе длабоки реформи во судскиот систем, службите за безбедност и во други сегменти вклучувајќи ги и медиумите доколку сакаме да обезбедиме кредибилни услови за фер, демократски, легитимни избори, вели Трајанов.

Тој истакна дека би било добро доколку директорот на агенција за разузнавање, директорот на управата за безбедност и контраразузнавање и министерот за внатрешни работи да дадат куси информации за вкупните случувања и безбедносните ризици кои што преставуваат закана за стабилноста на Република Македонија.

Извор: а1 оn

partners partners partners partners partners partners