Трајанов за Телма: МВР издало 15 илјади фантомски матични броеви

09.03.2016

Трајанов за Телма: МВР издало 15 илјади фантомски матични броеви

Има петнаесет илјади гласачи со креирани матични броеви кои  се впишани на избирачкиот список-вели лидерот на Демократски Сојуз  и пратеник Павле Трајанов повикувајќи се на изјава од Специјалното Обвинителство.

Според него тоа се матични броеви кои се нелегално изработени од страна на МВР за потребите на избирачкиот список. Трајанов  во Топ тема на ТЕЛМА, посочи и дека мора да има одговорност за сите прекршители и наредбодавачи и извршители на ова  незаконско дело.Тој посочи дека  на овој тип на криминал  треба да му се спротистават сите институции и не смее криминалот да биде покриван со евентуална изборна победа , туку напротив,  со ригорозни казни и санкции за сторителите и тоа   да биде пример и поука за сите ,  за да делата понатму не се повторуваат.

Оваа  изјава на Трајанов во ТОП ТЕМА предизвика реакција и негодување на пратеникот на владеачката ВМРО ДПМНЕ Павле Саздов,  кој смета дека не треба да се шпекулира со вакви податоци  и ја раскажуваше процедурата како треба, додека Трајанов му реплицираче дека не е поентата во тоа како треба,  сите го знаат тоа,  туку  како се прави и се крши законот и се злоупотребуваат функциите  заради партиски интерес од позиција на моќ и власт.

Саздов реплицираше додека тие дела не бидат докажани  според него , никој не треба да биде обвинет без основа .  На презумција на невиност се повика и пратеникот Трајанов,  а поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски повика ДИК и МВР да ги проверат ваквите наводи.

Извор: Локално

partners partners partners partners partners partners