Павле Трајанов за Утрински: Кежаровски треба да се брани од слобода

02.11.2013

Павле Трајанов за Утрински Весник: Кежаровски треба да се брани од слобода

Претседателот на ДС, пратеник во Парламентот на РМ и поранешен Министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, за Утрински Весник зборуваше за случајот „Ликвидација“:

На новинарот Томислав Кежаровски треба да му се даде шанса да се брани од слобода. Сега на потег е апелациониот суд и се надевам дека тој ќе ги има во вид сите аспекти на овој случај, кој им нанесе огромна штета на интересите на државата.

Казна од од 4 ипол години која се темели на компромитиран сведок е неодржлива.

Јас не ги знам сите поединости околу случајот. Факт е дека се работи за тешко кривично дело во акцијата „Ликвидацијата“, кое се однесува на платено убиство, но во конкретниов случај, заштитниот сведок излезе неподобен.

Вината за досегашниот неуспех во окончувањето на случајот со убиството во Орешане е кај сите учесници во постапката: МВР, обвинителството, судот.

Полицијата мора да продолжи со барање докази. Што доколку излезе дека двајцата браќа се невини и лежат в затвор заради лажен исказ, а вистинските убијци се на слобода? Затоа случајот мора да се расчисти до крај. 

Шпекулациите дека случајот на Кежаровски е поврзан со неговото истражување на сообраќајната несреќа на Никола Младенов се неосновани. Случајот на Младенов е сосема чист и нема никаква поврзаност со кој било случај, иако гледам дека има обиди тоа да се доведе во врска. Се разбира не е се' презентирано во јавноста, но се работи за несреќен случај. Лично имав посебен интерес да соберам повеќе податоци, но дојдов до исти сознанија.

Целиот текст прочитајте го на овој линк.

Извор: Утрински Весник

partners partners partners partners partners partners