Нова Македонија: Павле Трајанов, личност на годината

20.01.2014

Нова Македонија: Павле Трајанов, личност на годината

Денес (20.01.2014 година), дневниот весник „Нова Македонија“ помеѓу 10-мината лауреати, за личност на годината го прогласи Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз.

Заблагодарувајќи се за ова признание, Павле Трајанов рече: „Оваа номинација ми е од огромна важност и силно ме обврзува, заедно со сите Вас, новинарите, да се борам за вистината, правдата и за вистинските демократски и цивилизациски вредности. Досега сум бил многу пати наградуван и одликуван, но ова признание ми е посебно драго, затоа што доаѓа од медиум којшто ја градеше самостојна Македонија.“

Трајанов беше прогласен за личност на годината од редот на политичарите, а пригодното признание „статуетка“ му ја врачи Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. 

partners partners partners partners partners partners