ДС: Уставниот суд да се произнесе по иницијативата на ДС од февруари

08.07.2015

ДС: Уставниот суд да се произнесе по иницијативата на ДС од февруари

Демократскиот сојуз во месец февруари 2015 година до Уставниот суд достави иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија.

Демократскиот сојуз побара од Уставниот суд да донесе и времена мерка за да не се имплементира овој закон бидејќи е во коализија со Уставот на Република Македонија.

Имено, со член 6 од овој Закон се предвидува членови но Советот за утврдување на факти да можат да бидат само пензионери, кои треба да засноваат редовен работен однос и да примаат плата од 1000 евра, а сите други кадри со искуство од правосудната област се дискриминираат. Овие членови треба да извршуваат оперативно - истражувачки активности за утврдување на одговорност на судиите.

Демократскиот сојуз го повикува Уставниот суд да се произнесе и по иницијативата во целина, но по однос на времената мерка, затоа што на 10ти јули 2015 година треба да се одржат изборите за членови на Советот за утврдување на фактите со што директно се разорува правниот систем на Република Македонија. 

Тука може да ја погледнете Иницијативата 

partners partners partners partners partners partners