ДС: Своеволно откажување на комисиска седница

21.03.2016

ДС: Своеволно откажување на комисиска седница

Демократскиот сојуз најостро ја осудува постапката на пратеникот Влатко Ѓорчев, кој  спротивно на Деловникот за работа на Собранието, своеволно ја одложи седницата на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, на која требаше да се разгледа Извештајот на Специјалното Јавно Обвинителство.

Разгледувањето на Извештајот на јавна седница, беше добра основа да се види што сработило ова обвинителство, како се одвива соработката со судовите, јавното обвинителство, како и со другите институции.

Од исклучителна важност е да се процени дали има опструкции и блокади, кои институции ја кочат работата на СЈО и сл.

Очекуваме Комисијата наскоро да одржи седница на која ќе се донесат заклучоци за поддршка на СЈО, охрабрување да работи професионално, одговорно, неселективно и транспарентно, како и да се задолжат сите државни институции да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство.

partners partners partners partners partners partners