ДС: Советот за утврдување на факти е „Театар на апсурдот“

10.07.2015

ДС: Советот за утврдување на факти е „Театар на апсурдот“

Демократскиот сојуз, оценува дека денешните избори за членови на Советот за утврдување на факти од страна на судиите (над 600) претставува „Театар на апсурдот“. Со гласањето за членови на Советот за утврдување на факти, судиите практично ќе изгласаат тело, коешто директно ќе го загрозува слободното судско одлучување.

Имено овој Совет ќе има оперативно – истражувачка надлежност и треба да обезбедува факти и докази за одговорноста на судиите. Посебно загрижува тоа што помеѓу кандидатите има и такви што во изминатите десет години го разораа целокупниот судски систем, вршејќи притисоци по секоја цена, некои против кои се води постапка да  бидат осудени без да постојат елементи за кривична одговорност и слично. 

Демократскиот сојуз, како еден од најодговорните за таквата состојба го смета и Уставниот суд кој цели пет месеци не се произнесе за иницијативата пред истиот, за неусогласеноста на Законот за утврдување на факти со Уставот.

partners partners partners partners partners partners