Демократски сојуз: Политичка и кривична одговорност

30.04.2017

Демократски сојуз: Политичка и кривична одговорност

Демократскиот сојуз бара темелна истрага и одговорност за сите инволвирани во насилничкото и крваво сценарио насочено против Република Македонија.

Демократскиот сојуз бара од МВР и Јавното обвинителство, да спроведат неселективна брза, ефикасна и сеопфатна истрага против организаторите на насилството во Македонскиот Парламент, насилство со кое се поткопаа темелите на државата и е во функција на сценариото за целосна дестабилизација и разнебитување на Македонија.

Демократскиот сојуз инсистира пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот и од каде влегоа протестантите, веднаш да си поднесат оставка. Тоа е нивна морална обврска и одговорност.

Одговорност мора да понесат и инспираторите, организаторите и директните учесници во овие насилнички процеси.

Демократскиот сојуз повикува граѓаните да останат присебни и смирени и да не учествуваат на протести, се со цел да се даде простор на политичкиот дијалог и обезбеди мирен трансфер на власта преку избор на нова Влада и стабилизирање на состојбите.

 

partners partners partners partners partners partners