Зголемен интересот за членство во ДС

29.11.2015

Зголемен интересот за членство во ДС

Во редовите на Демократски сојуз се вклучуваат поголем број на млади, но и искусни кадри, кои сакаат преку своето дејствување да придонесат кон системски промени и јакнење на одговорноста на носителите на политички, јавни и државни функции.

Денес во Демократски сојуз се вклучи и Бојан Ефтимов, адвокат, кој при овој чин изјави: „ Сакам со своето долгогодишно искуство како судија, претседател на суд и член на Републичкиот судски совет, активно да се вклучам во реформирањето на Судскиот систем, и јакнење на неговата независност, како битен предуслов за владеењето на правото“.

Демократскиот сојуз останува отворен за сите креативни кадри кои што се за промени и градење на праведно општество.

partners partners partners partners partners partners