За потребите на над 600 членови ДС отвори штаб во Гевгелија

01.03.2014

За потребите на над 600 членови ДС отвори штаб во Гевгелија

Вчера, 28.02.2014 година, Демократскиот сојуз отвори штаб во Гевгелија. На отворањето присуствуваа над 200 членови и симпатизери на ДС, како и поголем број на граѓани. 

Пред присутните се обрати Павле Трајанов, претседател на ДС, кој меѓу другото нагласи: „Демократскиот сојуз е подготвен за предвремените парламентарни избори, а огромниот интерес за вклучување во партијата е сигнал дека на претстојните избори ќе имаме поддршка од граѓаните.“ 

Демократскиот сојуз ја подготвува Изборната програма во која главни приоритети се: динамичен економски развој, неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата, реформа на судскиот систем и слободни медиуми.

Демократскиот сојуз на претстојните претседателски избори ќе поддржи кандидат за претседател кој во својата платформа ќе се обврзе да работи на реализирање на врвните национални и граѓански интереси, но пред се „деблокирање на евро-атланските процеси. “ 

Демократскиот сојуз ќе инсистира на конкретен договор со партијата која ќе го номинира кандидатот и самиот кандидатот за претседател, како гаранција дека идниот претседател ќе биде гарант за демократијата, владеење на правото , меѓуетничка хармонија и стабилност на државата.

На собирот се обрати и Драги Делев, претседател на ОО на ДС- Гевгелија, кој  ги поздрави присутните и ги повика членовите на ДС (над 600), активно да се вклучат во промоција на програмата на ДС.

partners partners partners partners partners partners