31.12.2019
Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз: Среќна Нова Година
На сите граѓани на Македонија им ја честитам Новата Година и Божиќните празници.
Во 2020 година посакувам среќа и успеси на сите граѓани, помалку грижи и убави моменти.
Годината пред нас граѓаните ќе донесе значајни одлуки, затоа е битно секој да има можност слободно да се изјасни, да искаже свој став, да коментира, да критикува и да вреднува.
Само слободен и информиран граѓанин може да донесе правилна одлука.
Мораме сите заедно да се бориме, законите да важат подеднакво за сите, секој да може да создава и твори, да обезбеди услови за подобар живот и благосостојба, да придонесе за мир и стабилност и да има разбирање за другите и да ги почитува разликите.
Верувам дека после триесет години на тапкање во место, во 2020 година ќе направиме огромен исчекор кон цивилизациските вредности и Македонија со силно темпо ќе се движи напред.
Среќни празници.
Демократски сојуз.