Нова канцеларија на ДС за членството на Куманово

03.02.2016

Нова канцеларија на ДС за членството на Куманово

На 04.02.2016 година (четврток), Општинската организација на Демократски сојуз - Куманово ќе отвори нова канцеларија, со почеток во 18:00 часот.

На отворањето ќе присуствува и претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, кој ќе се обрати пред новото и старото членство за актуелната политичка состојба во земјата. Пред почетокот на настанот Трајанов ќе даде изјава за медиумите.

Во пресрет на претстојните избори, Демократскиот сојуз продолжува со мобилизација и организација на своето членство, со афирмација на концептот на партија со демократска платформа за општествени и економски промени.

Новата канцеларија на Демократски сојуз во Куманово се наоѓа на ул. Илинденска бб, до Здружението на пензионери.

partners partners partners partners partners partners