На отворањето на штабот во Куманово Трајанов порача: Демократскиот сојуз е подготвен да преземе поголема одговорност

11.03.2014

На отворањето на штабот во Куманово Трајанов порача: Демократскиот сојуз е подготвен да преземе поголема одговорност

Демократскиот сојуз е самостојна политичка партија со автентични политички ставови и како дел од власта е подготвена да преземе дел од одговорноста за вкупните состојби. Демократскиот сојуз не бега ниту од обврските, ниту пак, се колеба со свои идеи, предлози, проекти, да влијае во носењето на клучните одлуки битни за иднината на Република Македонија, изјави претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов на денешната средба со партиското членството во Куманово.

Во своето обраќање пред новите и старите членови во новоотворениот штаб на Демократскиот сојуз во Куманово, претседателот Трајанов уште еднаш ја искористи можноста да ги потенцира партиските определби на Демократскиот сојуз преточени во програмите за динамичен економски развој, за зголемување на наталитетот, за реформиран систем на образование како и за целосна имплементација на проектот „ДЕКРИ“ и неселективната војна против криминалот и редефинирање на политиките за влез во ЕУ и НАТО.

partners partners partners partners partners partners