ДС: Младите ја напуштаат Битола

18.12.2015

ДС: Младите ја напуштаат Битола

Вчера вечер (17.12.2015 година), Демократски сојуз , во Битола, одржа трибина на која беше презентирана Платформата за обединување и вистински реформи, каде Павле Трајанов, Претседател на ДС, говореше за главните приоритети и предизвици со кои се соочува Македонија. 

Трајанов посочи дека Демократски сојуз се залага за: системски промени преку кои ќе се дефинира одговорноста на премиерот, министрите и други носители на јавни функции, конфискација на нелегално стекнатиот имот, забрана на политичко дејствување најмалку (10 години) за сите кои ги кршат основните права на граѓаните преку преслушување и на друг начин, како и тие кои се стекнале со капитал злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните.

Демократски сојуз ќе предложи законски решенија со кои ќе се изедначат условите за бизнис на странски и домашни компании. Минималната плата треба да изнесува најмалку 300 евра.

Во Македонија 10% од вкупното население е вработено во администрацијата што е огромен товар за стопанството, а приемот е исклучиво преку партиски списоци. 

ДС ќе предложи кривична одговорност за сите оние што со злоупотреба на партиско и друго влијание  ги кршат основните критериуми за прием на работа во јавната и државната администрација.

На трибината Битолчани пројавија голем интерес за политичката криза и одговорноста на политичко-државниот врв, за криминалот во РЕК Битола, за енормното загадување на воздухот, како и за иселувањето на младите во Битола со што на вештачки начин се прикажува дека се намалува бројот на невработените.

На трибината зборуваше и Драгана Букилица, шеф на изборниот штаб на ДС, која рече дека ДС ја отвора можноста за формирање на нова политичка сила и ги повикува граѓаните да се вклучат во борбата за промени во Македонија.

partners partners partners partners partners partners