Демократски сојуз: Соработка со партиите кои се за робусна борба против криминалот Зоран Димитровски, нов Генерален секретар на Демократски сојуз

21.12.2019

Демократски сојуз: Соработка со партиите кои се за робусна борба против криминалот

Зоран Димитровски, нов Генерален секретар на Демократски сојуз

Централниот совет на Демократскиот сојуз одржа седница на која се расправаше за предвремените парламентарни избори и за соработката со другите партии, при што беа искажани бројни забелешки и незадоволство од општинските организации на Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз е подготвен за учество на парламентарните избори, при што е отворен за соработка со партии кои се за робусна борба против криминалот, системски промени за воспоставување на владеење на правото и законите да важат за сите, правна сигурност и стабилност на државата, како и за посебна платформа за обезбедување услови младите да можат да создаваат, да творат и да обезбедат пристоен живот во Македонија.

Демократскиот сојуз подготвува изборна програма со која ќе настапи на парламентарните избори.

Централниот совет одлучи да започнат активностите околу евидентирање на можни кандидати за пратеници кои се со силен професионален и политички интегритет и се определени за реформи и за заштита на стратешките државни интереси.

На седницата за генерален секретар е избран Зоран Димитровски, долгогодишен професионален новинар и уредник. Бил главен и одговорен уредник на три дневни весници, „Вечер“, „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на неделникот „Фокус“. Димитровски е магистер по политички науки од Централниот европски универзитет во Будимпешта. Предавач е на Институтот за комуникациски студии,а долги годни предавал новинарски предмети на поранешната Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

partners partners partners partners partners partners