ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПРОМЕНИТЕ

08.10.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПРОМЕНИТЕ

Централниот совет на Демократскиот сојуз одржа седница на која се расправаше за изборната кампања и актуелнити политички состојби при што ги повикува граѓаните на Република Македонија да ги поддржат промените како битен предуслов за стабилизација на државата, воспоставување на систем на еднаква примена на законите и деблокада на евроатлантските процеси.

Промените се битни за да продолжат реформите и започне економски развој, отворање на нови работни места и подобрување на социјалната состојба на граѓаните.

Демократскиот сојуз ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници на Коалицијата предводена од СДСМ.

Изборната кампања се одвива во мирна атмосфера, без партиски притисоци и со толерантен вокабулар.

Демократскиот сојуз инсистира  државните институции да ги преземат сите законски мерки за да се спречат било какви обиди за нарушување на изборниот процес и фалсификување на волјата на гласачите.

На денешната седница, Централниот совет на ДС, за Генерален секретар го избра м-р Глигор Стоименов, а за нови членови на Претседателството на ДС ги избра Атанас Стефанов адвокат од Кочани, м-р Верица Филиповска, м-р Миодраг Димов, м-р Дејан Богоевски и Дејан Наумовски.За потпретседател на ДС е избрана м-р Весна Стоименовска.

 

partners partners partners partners partners partners