ДС предлага IV - ти степен образование за фризери

22.07.2015

ДС предлага IV - ти степен образование за фризери

Демократскиот сојуз до Владата на Република Македонија достави Иницијатива, образованието за фризери наместо три години да се одвива во наставна програма од четири години.

Групацијата на фризери, се обрати до Демократски сојуз, актуелизирајќи прашања сврзани со средното образование на фризери кое сега се одвива по тригодишна наставна програма.Фризерите сметаат дека стручното образование треба да се одвива преку четиригодишна наставна програма, со што ќе се постигнат неколку цели:

1. Ќе се обезбеди повисок степен на теоретски познавања на фризерите, бидејќи, за оваа професија се бара висок степен на стручност и знаење, како и користење на научни достигнувања и сл.

2. Во процесот на образование ќе има поголема застапеност на практичната настава преку стажирање во познати фризерски салони.

3 Можност да го продолжат своето образование на академии за фризери и други факултети.

4. Стекнување на пошироки знаења и можност за преквалификација согласно потребите на пазарот.

Инаку во повеќе држави средното образование за фризери е со четврти степен, како што се Грција, Бугарија и Словенија, каде освен на теоретскиот дел, големо внимание се посветува и на практичното оспособување.

Демократскиот сојуз предлага оваа иницијатива да биде предмет на сеопфатна анализа од страна на Бирото за развој на образование и Центарот за средно стручно образование, при што во соработка со Фризерската секција во Република Македонија да се подготви програма за образование, како и другите потребни усогласувања и решенија.

partners partners partners partners partners partners