ДС предлага средба на Метју Нимиц со сите парламентарни партии

05.09.2013

ДС предлага средба на Метју Нимиц со сите парламентарни партии

Демократскиот сојуз предлага, господинот Метју Нимиц, посредник во македонско -грчкиот спор, при претстојната посета на Македонија и Грција, покрај средбата со државниот врв, на заедничка средба да ги информира сите парламентарни политички партии, за досегашниот тек на разговорите, за досегашните негови идеи и предлози за решавање на спорот, како и за отпорите и проблемите со кои се соочува.

Демократскиот сојуз смета дека на овој начин сите партии ќе преземат дел од одговорноста околу постигнување на евентуален компромис и во иднина овој спор нема да го користат за политички маркетинг.  

Оваа иницијатива е во согласност и со Меморандумот за евроинтеграција на Република Македонија, кој наскоро треба да го потпишат политичките партии. 

Демократскиот сојуз оваа иницијатива, ќе ја достави до господинот Метју Нимиц, како и до Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

partners partners partners partners partners partners