Повик до граѓаните да излезат на гласање


01.04.2013

Повик до граѓаните

Демократскиот сојуз ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани, на 7 април, да излезат на гласање и да ги подржат кандидатите за градоначалници на „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

Кандидатите за градоначалници од „Коалицијата за подобра Македонија“ имаат програми со конкретни проекти, со кои ќе се разрешат голем број од потребите на граѓаните.

За Демократскиот сојуз, од исклучителна важност е тоа што, покрај разрешување на крупни комунални проблеми, изгадба на спортски сали, покриени пазари, базени, училишта, детски градинки, со програмите на кандидатите за градоначалници се предвидува и економски развој на општините и создавање на услови за отворање на „нови работни места“,  што е еден од врвните приоритети на ДС.

Демократскиот сојуз ги повикува политичките партии и државните институции, како и граѓаните, да направат се што е неопходно, вториот изборен круг да помине во мирна и демократска атмосфера.

Демократскиот сојуз инсистира, ДИК и другите државни институции, да ги преземат сите законски мерки против сите оние кои во првиот изборен круг, ги прекршија изборните правила.

partners partners partners partners partners partners