24.11.2017
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВО ДРИСЛА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДЕПОНИРА РАДИОАКТИВЕН ОТПАД
Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на информациите (“сериозни индиции“) презентирани во јавноста, дека во депонијата " Дрисла" во близина на Драчево, се уништувал радиоактивен отпад.
Се работи за скандал со можни сериозни последици по здравјето на граѓаните и трајно загадување на животната средина.
Надлежните државни институции мораат најитно да реагираат и доколку се потврдат првичните информации да се преземат мерки за заштита на граѓаните и покрене постапка за одговорност на инволвираните во овој криминал.
Во Дрисла не може и не смее да се складира или уништува радиоактивен отпад.
Ја поздравуваме транспарентноста на Градоначалникот на Скопје, кој ги сподели овие загрижувачки информации со јавноста.