Утре прва средба на работната група за изборни реформи - можен ли е договор?

2.5.2023

Утре прва средба на работната група за изборни реформи - можен ли е договор?

Без големи очекувања за крупни изборни реформи утре стартува со работа експертската група која има за цел да договори подобрување на изборната регулатива. Ќе ја води екс претседателот на ДИК, Александар Новаковски, а во неа претставници ќе испратат сите политички партии, освен ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој нов министер за правда си прави нова група која има само една цел, а тоа е да го амортизира притисокот врз владата за воведување на една изборна единица“, вели пратеникот Павле Трајанов, кој 2 години чека неговиот предлог да биде деблокиран во Собранието.

Трајанов вели дека формално веќе имаат мнозинство во Собранието иако не е сигурен дека пратениците од помалите политички партии кои му дале поддршка за една изборна единица ќе го притиснат зеленото копче тогаш кога овој закон ќе става на дневен ред.

За една изборна единица поддршка даваат сите освен албанските политички партии кои со измените не ќе можат да добиваат пратеник во 6-тата изборна единица со 6.000 гласа, додека за истото место, пратеник од тројката треба да обезбеди и до 10.000 гласа. Една изборна беше ветување на СДСМ во кампањата за последните избори но до овој момент тоа не е реализирано.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараше мнозински модел но од партијата велат дека немаат проблем да поддржат и една изборна единица.

Според неофицијалните информации, поддршка за една изборна единица има и од меѓународниот фактор од каде се надеваат дека партиите ќе стигнат до консензус за ова прашање.  

Извор

partners partners partners partners partners partners