ТРАЈАНОВ ЗА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ: ОВА Е САМОУБИСТВО НА СДСМ

31.3.2023

ТРАЈАНОВ ЗА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ: ОВА Е САМОУБИСТВО НА СДСМ

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вели дека некој треба да сноси одговорност за енормното зголемување на функционерските плати откако Уставниот суд одлучи да укине два члена од Законот за плати и надоместоци со кои основицата за пресметување на платите на функционерите се зголемува од 26.000 на 47.700 денари.

-Уставен суд донесе тешка сложена неприфатлива одлука и за тоа треба да сносат последици. Владата ја поддржа одлукaта на Уставен што значи соучествувала за носење ваква одлука и поради тоа мора да си понесе одговорност. Ова е самоубиствена позиција на СДСМ. Уставниот суд е партиска испостава на СДСМ и ДУИ, како што порано биле на ВМРО-ДПМНЕ,. Tие не носат одлука ниедна без договор со владејачките партии – рече Трајанов во вечерашната дебата на Само вистина.

Според него следно што треба да се направи е да се намали коефициентот со кој се пресметува платата, така што зголемувањето не би било толку драстично.

-Сe работи за неодговорна одлука и мислам дека мора да се реагира во Законот. Има механизам, преку промена на коефициентите. Зголемувањето на платите мора да биде усогласено со раст на плати и пензии. Ова зголемување со одлуката на Уставен суд не смее да биде ефектуирано – рече Трајанов за Фокус.

 

Извор

 

partners partners partners partners partners partners