Трајанов во посета на Богданци, Фурка, Николич, Стар и Нов Дојран

19.04.2014

Трајанов во посета на Богданци, Фурка, Николич, Стар и Нов Дојран

Денес (19.04.2014 година), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, беше во посета на Богданци, Фурка, Николич, Стар и Нов Дојран. 

Во Богданци разговараше со градоначалникот, Анастасија Олумчева, којашто ја актуелизираше потребата од буџетска поддршка на прокетите за развој на општина Богаднци и населените места (изградба на мелиоративен систем, регулација на реката, изградба на домот на културата и др.), како и афирмирање на Богданци за влез на странски компании во индустиската развоја зона. 

На средбата со граѓаните во Фурка тие ги искажаа потребите за изградба на систем за отпадни води, асфалтирање на улиците, како и реконстукција на локалниот пат према Дојран. 

Една од карактеристичните барања на граѓаните на Николич, Стар и Нов Дојран е поребата за промена на концесиите за експлоатација на рибниот фонд од езерото Дојран, при што предлагаат секој да има можност да добие договор за риболов и за тоа да плаќа одреден надомест (по примерот за концесии во соседна Грција). 

Трајанов ја посети и фармата за одгледување на желки во близина на с. Николич која претставува добар пример за специфичен бизнис. 

Трајанов се заблагодари на граѓаните за досегашната поддршка и ги повика во вториот круг на изборите да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за подобра Македонија “, при што нагласи дека за овие отворени прашања ќе предлага решенија. 

partners partners partners partners partners partners