Трајанов разговараше со граѓаните на повеќе села во општина Конче

16.04.2014

Трајанов разговараше со граѓаните на повеќе села во општина Конче

Вчера (15.04.2014 година), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз оствари средба со граѓаните од Конче, Ракитец, Габревци и Лубница, на којашто граѓаните покренаа прашања карактеристични за овој регион особено околу наплатата на продадениот тутун, откуп на непродадениот тутун и склучување на договори за производство на тутун. 

Во оваа прилика Трајанов посочи дека со вакви или слични проблеми се среќаваат граѓаните од повеќе региони. Владата веќе ги исплати субвенциите од по едно евро за килограм тутун, но деновиве интензивно ги разгледува овие ново пријавени проблеми и бара решенија, сè со цел на граѓаните да  им се излезе во пресрет. 

При овие средби карактеристична е средбата со 91 годишниот Фено Димов од Лубница кој и покрај тоа што е во одмината возраст сè уште е активен, ги актуализира проблемите на неговите сограѓани и предлага решенија за нив.

Трајанов се заблагодари на граѓаните за досегашната поддршка и ги повика во вториот круг на изборите да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за подобра Македонија “.

partners partners partners partners partners partners