Трајанов: Ние сме дел од Европа и практикуваме европски вредности

01.04.2014

Трајанов: Ние сме дел од Европа и практикуваме европски вредности

Вчера, 31.03.2014 година, Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, обраќајќи се на митингот  на Коалицијата За подобра Македонија во Струмица, пред присутните граѓани, рече:

„Наш врвен национален, државен, стратешки интерес е Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ. Ќе влеземе во овие институции со дигната глава, нема да се виткаме, ние сме дел од Европа и практикуваме европски вредности.

Демократскиот сојуз има јасни политички определби и принципи:

- владеење на правото,

- еднакви шанси за сите,

- медиуми кои се борат за вистината.

Направени се многу реформи, се отвораат нови фабрики, се отвораат нови работни места, се развива земјоделието, се едуцираат многу млади.

За мене, за Владата, за Ѓорѓе Иванов развојот на помалите градови и селата е врвен приоритет. Тоа е поврзано и со вработеноста, но и со наталитетот.

Само со добра патна мрежа, систем за образование, отворање на производствени погони и поволни станбени кредити се гаранција дека младите ќе останат овде, во Струмица. “

partners partners partners partners partners partners