Трајанов: Гласајте за стабилна Македонија

23.04.2014

Трајанов: Гласајте за стабилна Македонија

Демократскиот сојуз, ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани, на 27 април 2014 година, да излезат на гласање и да гласаат за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.

Демократскиот сојуз е цврсто определен за зголемување на правната сигурност и владеење на правото, силни демократски институции, подинамичен економски развој и отворање на нови работни места, еднакви можности и шанси за сите, самостојност на судскиот систем, слободни медиуми кои се борат за вистината, како  и ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата.

За ДС врвни приоритети се полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ.

За реализација на стратешките определби и цели, потоа и имплементација на над 2000 проекти, како и отворање на 64 000 нови работни места, потребно е да имаме стабилно парламентарно мнозинство од најмалку 62 пратеници.

Република Македонија е поставена на цврсти темели, спроведени се бројни реформи, при што со многу посветеност и работа постигнати се значајни резултати. 

Развојот и позитивните трендови треба да продолжат. 

Со масовна поддршка и  гласање за „Коалицијата за Подобра Македонија“, се гласа за стабилна и економски силна Македонија и се отвораат нови перспективи за сите граѓани.

partners partners partners partners partners partners