Трајанов ги посети Радовиш, Подареш, Злеово и Калуѓерица

15.04.2014

Трајанов ги посети Радовиш, Подареш, Злеово и Калуѓерица

Вчера (14.04.2014 година), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и кандидат за пратеник од четвртата изборна единица, ги посети Радовиш и населените места Подареш, Злеово и Калуѓерица при што оствари средба и со поголем број граѓани. 

Во разговор со граѓаните ги презентираше политиките и проектите на владата за развој на земјоделието и изградба на инфраструктури објекти.  Граѓаните посебно се интересираа за изградба на експресниот пат Штип – Радовиш, за обнова на мрежата за наводнување, склучување на договори за производство на тутун и сл.

При средбите Трајанов искажа благодарност за огромната поддршка што ја дадоа на „Коалицијата за подобра Македонија“ во првиот изборен круг. 

partners partners partners partners partners partners