Трајанов: Честитки за двојната победа

28.04.2014

Трајанов: Честитки за двојната победа 

Претседателот на ДС, Павле Трајанов, на сите членови и симпатизери на ДС, како и на сите граѓани им искажува голема благодарност за поддршката на кандидатот за претседател Ѓорге Иванов, како и на кандидатите за пратеници од „Коалицијата за Подобра Македонија“.

Трајанов искажува посебна благодарност до сите активисти на ДС кои максимално беа вклучени во изборната кампања, преку посета на семејства, средби со граѓани, митинзи, како и во другите организациски работи, одржување на прес конференции, учество на ТВ емисии и слично.

Континуираната активност, реформите и постигнатите резултати, како и новите програмски цели и изборна програма, придонесоа за двојна победа на „Коалицијата за Подобра Македонија“.

partners partners partners partners partners partners