Трајанов: Бројот на пратеници да се намали од 120 на 90

06.06.2022

Трајанов: Бројот на пратеници да се намали од 120 на 90

 

 

Постоечкиот закон треба да се промени бидејќи фаворизира четири партии. Скоро никаде во светот нема само четири партии директно да имаат можност за медиумска презентација и таа да биде осум минути, а само една минута да биде одвоена за сите други помали партии и независни листи, вели лидерот на Демократски сојуз (ДС) и пратеник, Павле Трајанов во дебатната емисија организирана од Тв Телма.

Трајанов обелодени дека ставот на ДС е да се намали бројот на пратеници од 120 на 90, но и да се намали бројот на министерства и да имаме околу 12 министерства.

-Ние имаме дуплирање на исти институции, кои треба да ја вршат истата функција. Системот со шест изборни единици ги фаворизира од 2002 година само поголемите партии, додаде Трајанов.

 

partners partners partners partners partners partners